Во однос на исплатите на бонусите во СЈО, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, соопшти дека првичните согледувања покажувале оти по ист основ два пати се делеле надоместоци, а дополнително сомнение за неправилности фрла тоа што додатоците за плата биле класифицирани информации.
– Сомнение фрла тоа што додатоците за плата се класифицирани информации. Втората насока е дека платите и надоместоците се утврдени согласно закон. Како што е познато јавните обвинители по три основи имаат додатоци, но кои не може да надминат 35 проценти од плата, односно трите вида дотатоци, за ризик, за доверливост и за услови за работа. Првичните согледувања покажуваат дека по ист основ два пати се делеле надоместоци. Ако видите апсурдите до каде се донесени во делот на трошењето на државните пари, дека на пример еден секретар, има поголема плата од претседателот на државата. Дали е тоа оправдано, логично, треба да процениме. Со ова не ја прејудицирам постапката што Обвинителството ја води – вели Јовески во изјава за МИА.