Јавното обвинителство оваа година водело дисциплински постапки против пет јавни обвинители од земјава, соопшти на брифинг за новинарите главниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески.
ЈО го донесе Правилникот за следење на квалитетот на работењето на јавните обвинители и нивното оценување, и тоа значително го подобрува квалитетот на работењето.
„Ќе се оценува работата на секој обвинител посебно, и квантитативно и квалитативно“, рече Јовески.
Ако се утврди несовесно и нестручно работење на јавниот обвинител, ќе се преземат мерки за него.
Еден обвинител кај кого било утврдено нестручно работење си дал оставка, се повлекол самиот, но за него е била утврдена кривочна одговорност.
Јовески соопшти дека новите вработувања во Обвинителството го зголемиле капацитетот на Обвинителството, но потребно е натамошно засилување на капацитетите на обвинителството.