Писмата, кои специјалната обвинителка Катица Јанева ги испрати од притвор до ЈО и со кои таа дава согласност за преземање на предметите на СЈО од редовното обвинителство, се легитимни, тврди републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој за „Пресинг Тв“, објаснува како трите писма имаат различни датуми и немаат печати.
Според него, печат не можело да имаат, зашто Јанева се наоѓа во притвор. Меѓутоа, секое лице во притвор може да комуницира со кого сака, а во случајот коресподенцијата на Јанева со СЈО и ОЈО се одвивала преку судија на истражна постапка.
Јовески вчера, исто така, објасни дека дописите се напишани на рака, а не како што го обвинуваат дека едно од писмата на Јанева е напишано на компјутер, а таа со рака нешто допишала.
Сè уште не е јасно дали писмата на специјалната јавна обвинителка се архивирани, ако се – кој, кога и каде тоа го сторил. Или, пак, се само „чисти“ писма без ништо на нив.