вановски, потенцира Зоран Јовановски, актуелен главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора за економски прашања.
Ги тргам на страна и ги занемарувам нивните политички определби и се задржувам на нивната теоретска економска изграденост. Драган Тевдовски (како професор по статистика, не како Министер за финансии) Бранимир Јовановиќ (како економски истражувач, не како советник на Министерот за финансии), Рилинд Кабаши (како економски истражувач, не како советник на Министерот за финансии). Сите тројца со докторати и објавени економски истражувачки трудови во меѓународни академски списанија. Тевдовски замина во ММФ во Вашингтон, Јовановиќ во врвен економски институт во Виена, Кабаши како предавач во тренинг центарот на ММФ во Виена, напиша Јовановски на „Фејсбук“.
Тој како што вели не се согласува со многу од нивните ставови за економските политики, ама тоа не значи дека земјава треба да ги изгуби како професори или економски истражувачи.
Башка, како што вели, покрај овие тројца има и многумина други што заминале и добиле професионално признание за својата стручност во странство, а нашата јавност не ги знае затоа што не биле во политика.
Се секира ли некој за овие работи?, прашува Јовановски.