Пратеникот Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница на седницата за ребалансот на буџетот вели дека самото отсуство на министерката и нејзините говори покажувале колку ќе биде и на кој начин заинтересирана за финансиите во оваа држава.
Тој вели дека овие лудила што се случуваат секојдневно се реални, ние сме една црна дупка во регионот, и неспособноста на владата создала дистопија , па затоа денеска Македонија е пуста земја.
Пратеникот истакна дека пех на власта во однос на капиталните инвестиции ја покажува неспособноста и некадарноста. Кога се обелоденуваат негативности од владеењето на власта веднаш се навраќа во минатото, па праша што бара власта во минатото ако тоа било режим од кој што се ослободила?
-Вие само врескате блескаме, блескаме,блескаме, но ова е црна дупка. Даночниот систем ви е претворен во циркуз, а финансии нема. Сите знаеме дека бизнисмените бегаат од државава како да има епидемија на чума. Странските инвестиции исто велевте дека блескаат и велевте дека ќе има економски бум, но тоа беше илузија, затоа што имате најниско салдо во странски инвестиции во последните 20 години, вели пратеникот Јовановски.