Македонија 24. јуни 2020. / 13:17

Јованчев: Не се обидувајте да бидете купувачи на гласови на Зоран Заев

Јованчев: Не се обидувајте да бидете купувачи на гласови на Зоран Заев

Од името на општинските комитети на Кавадарци, Неготини, Росоман и Демир Капија сакаме директно и недвосмислено да им порачаме на сите раководители на државните институции од Тиквешкиот регион и од целото Повардарие. Да не се обидуват да бидат купувачи на гласови нa Зоран Заев изјави, Зоран Јованчев- кандидат за пратеник од Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова особено важи за сите полициски началници и службеници кои беа дел од клиентализмот на Оливер Спасовски, ниту едно негово тапкање по рамо да бркате од работа бидејќи тој стои позади вас, нема да ви си исплати. Ниту една синдикална функција, ниту фамилијарна блискост немa да ве штити и заштити, од кривичната одговорност ако бидете фатени дека вршите притисок и кампања додека сте чувари нa редот и мирот на граѓаните, нашите оштини се преплавени со мигранти на чии криумчари е крајно време да престанете да им помагате, истото се однесува и на сите вработени во јавните претпријатија, Македонски шуми со своите подружници, Електрани на Македонија со нивните подружници, сите општински претпријатија , градински, училишта, Заев денеска ги пушта низ вода и неговите најблиски и најкрупни соработници, затоа не се ни обидувајте да му  помогнате изјави, Зоран Јованчев- кандидат за пратеник од Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ.