Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов во емисијата 24 анализа во врска со поднесените амандмани за буџетот изјави дека предложениот буџет е лошо посочен и тие предложиле амандамани за да го подобрат квалитет на животот на граѓаните
„Во овие амандамни се содржани капитални инвестиции кои се предизборни ветувања на власта, а кои не се реализирани. Тие се однесуваат на нереализираните објекти за граѓаните од Штип и Источна Македонија кои јас ги застапувам.“ – рече Јорданов.
Тој потенцираше дека со ова сака да и се помогне на власта, која не ги реализирала ветените проекти. Еден од амандамните е гасификацијата во Штип и кој лично го поднел е да се одвојат сретства за таа намена. Тој смета дека четврта година не се реализираат проекти, особено со гасификацијата и не го довршуваат проектот од ВМРО-ДПМНЕ за главниот гасовод кој треба да биде дистрибуиран низ цела држава.
„Чесно е да кажете зошто не се одлучувате на овој чекор, особено во општина Штип, а немате подземен катастар? немате направено основен проект да знаете што има под земјата.“ – праша Јорданов.
Смета дека е нечесно пред секој преизборен циклус да се манипулира. ВМРО-ДПМНЕ е партија која ја започна гасификацијата и тоа во два крака, рече Јорданов. Едниот крак стигнал до Штип и тој крак требало да се продолжи до Битола и до Охрид требало да оди и тој процес е четврта година во реализација, а вториот крак е до Тетово кој се уште не е направен, а во предизборната програмата се ветувало гасификација во првите две години.