„Македонија не доби ниту препораката за ЕУ, ниту безусловна препорака за НАТО. Но, и покрај ова, и покрај депресијата која што владее, поразите, криминалите, како и коруптивните скандали на дневна основа, владата на СДСМ одлучи да троши народни пари организирајќи скапи еуфорични прослави, за да се претстават лошите предавнички политики како победи“ обвини Иван Јорданов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани Социјалдемократи, моралот и одговорноста одамна исчезна од вашите глави. Се лажете ако мислите дека народот пак ќе ви поверува. Овој пат сте прочитани, граѓаните се мудри и можат да проценат што е вистина, а што лага. Господа од власта, и цела естрада да ја донесете, и сите пари на свет да ги потрошите нема да можете да ги прекриете предавставата, гневот и револтот на народот, нерасчистените убиства како и сиромаштијата која што владее“ рече Јорданов.