Македонија 02. септември 2019. / 12:48

Јавна трибина во среда: „Раздавање, распродавање или крадење на македонската историја?“

Јавна трибина во среда: „Раздавање, распродавање или крадење на македонската историја?“

На 4 септември со почеток во 13 часот во хотелот Бест Вестерн ќе се одржи јавна трибина на тема “Раздавање, распродавање или крадење на македонската историја“/Пиши-бриши брусалка историја и Дали добрососедството подразбира и негирање на сопствената историја?/

Воведни излагања на темата ќе поднесат:

Д-р Тодор Чепреганов – “Илинденско или илинденско-преображенско востание?“

Д-р Наташа Котлар – “Македонско национално движење во XIX век: Особености и процеси“

Ефтим Клетников – “Историјата како култура и варварство: Европскиот идентитетски геноцид над Македонија“

Дардан Венетски – Раздавање, распродавање или крадење на историја?

Во дебатниот дел учество ќе земат повеќе историчари, социолози, политолози и аналитичари. Организатори на трибината се Македонски манифест и Институт СИА Виста, Скопје.