Македонија 03. мај 2018. / 15:49

Јавна расправа во Уставен суд за повреда на слободата на членови на „Левица“

Јавна расправа во Уставен суд за повреда на слободата на членови на „Левица“

Јавна седница на Уставниот суд за претставката од партијата Левица која се жали на политичка дискриминација и повреда на правото на слобода на изразување. На протестот во јули лани, беа приведени членови на партијата, откако сакале да истакнат транспарент со натпис против војна за профит. Против четворицата полицајци МВР поведе дисциплинска постапка.

Јавна седница на Уставен за поднесената иницијатива од „Левица“. Партијата побара Судот да се произнесе дали имало повреда на слободата на мислата и политички дискриминација кога нивните членови, Гоце Марковски и Горазд Муратовски за време на протест биле уапсени од полицијата.

Двајцата во јули, кога САД во земјава претставуваше дел од воената опрема, истакнаа транспарент со натпис „Против војна за профит“. Тие тврдат дека полицајците не ги легитимирале и ги држеле 15 минути со лисици на рацете, по што биле пуштени.

Претставникот од МВР појасни дека Внатрешната контрола утврдила дека полицајците незаконски примениле средства за присила, по што се отворени дисциплински постапки.

Уставниот суд не е ограничен, но одлука треба да донесе во разумен рок.