Македонија 08. јули 2020. / 22:17

Јанушев до Шахпанска: Засрамете се, зборувате за успешно здравство, а тоа крахира, луѓе умираат

Јанушев до Шахпанска: Засрамете се, зборувате за успешно здравство, а тоа крахира, луѓе умираат

Успехот во здравството го мерите со тоа колку луѓе сте запослиле, всушност, колку непотизам сте направиле, посочи носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев до кандидатката за пратеник од СДСМ Јагода Шахпаска за време на соочувањете на носителите и кандидатите за пратеници од третата изборна единица во емисијата „Топ тема“.

Имате тука доктор кој ви кажува дека не е вистина тоа што го говорите за платите на медицинските лица. Кажувате дека здравството е најуспешно. Погледнете што се случува, вие веројатно не живеете во државава. Ни крахира здравтствениот систем. Пука по сите шавови. Доктори и сестри секој ден излегуваат на телевизија, бараат помош сиромашките. Вашиот министер оди кампања си тера. За кое здравство зборувате вие? Имате ли малку образ пред граѓаните кога ги зборувате овие работи, од лага во лага влегувате, што мислите до кога? Најлоши сме во регионот, вие зборувате за успех во здравство? Треба да се засрамите, тоа е потценување – посочи Јанушев.