Македонија 11. мај 2020. / 14:07

Јанковски починал од коронавирус – алгоритмот го отфрлил за тестирање!

Јанковски починал од коронавирус – алгоритмот го отфрлил за тестирање!

Девет пациенти заболени од ковид-19 досега починале или дома или во друг објект, а не во болница бидејќи голем дел од нив не стигнале ниту на ред да бидат тестирање. Уште седум луѓе починале од коронавирус без да ги дочекаат резултатите од тестирањето, покажуваат анализите на КОД.

Радишанецот Роберт Јанковски, лице со хендикеп е еден од ваквите жртви на корона вирусот, а неговите блиски тврдат дека тој починал откако алгоритмот го отфрлил за тестирањето и не можел да стигне до болнички кревет.

И хендикепираните имаат право на живот, вели неговата сестра во емисијата КОД.