Специјалната обвинителка Катица Јанева кажа дека е можно некој да се спаси, но е можно и некој друг да биде обвинет околу новото законско решение за Специјалното јавно обвинителство по потпишување меморандум во Владата.
– Сѐ е можно, може некој да се спаси. Може и некој плус да биде обвинет. Ние сме во суштина задоволни што ни се проширува надлежноста, не сме ограничени само на бомбите. Сега може во одредени предистраги да отвориме многу покрупни предмети од овие што ги имаме. – кажа Јанева, пренесе СДК.МК.