Македонија 27. јануари 2020. / 13:03

Јанева отстранета од судница – И рече „чавка“ на Стефанова

Јанева отстранета од судница – И рече „чавка“ на Стефанова

Катица Јанева е отстранета од рочиштето за случајот „Рекет“ поради недолично однесување. Наредбата за нејиното отстранување ја даде судијката Васка Николовска-Масевска.

Причина за отстранувањето на Јанева е тоа што таа обивинителката Лиле Стефанова ја нарече „чавка“.

Ова е првпат специјалната јавна обвинителка да прозбори на рочиште за случајот. На досегашните судења таа постојано молчеше и не реагираше на ниедно сведоштво, а не го искористи ни еднаш правото за вкрстено испрашување.

Претходно на рочиште, Стефанова откри дека не е во добри односи со поранешната шефица, како и други детали околу случајот „Империја“.