Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева со задоцнување дојде на денешното рочиште од судењето за случајот „Рекет“.
Нејасно е дали рочиштето ќе се одржи затоа што од почетокот на процесот првпат се случува таа да отсутвува.
За разлика од Јанева, во судницата се присутни нејзините бранители Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев.
Во судницата се присутни и обвинетиот Бојан Јовановски и обвинителката Вилма Рускоска.