Катица Јанева поднела барање до судот да не биде спроведена од страна на полицијата во судот каде ќе биде соопштена пресудата за „Рекет“, дознава „А1он“ од извори во судот.
Информацијата ја потврди и Ирена Фрчковска, бранител на Јанева во судскиот процес, но не даде објаснување која е причината поради која нејзиниот клиент одбива да присуствува на крајот од судскиот процес.
Вакво барање не поднел првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 и тој ќе биде спроведен од Истражниот затвор „Скопје“ во Шутка во судот, каде ќе ја чуе пресудата донесена од судечкиот совет.