Македонија 25. април 2019. / 19:52

Јанев: На власта и се случува колапс, вртоглаво паѓаат секој ден – сега или никогаш!

Јанев: На власта и се случува колапс, вртоглаво паѓаат секој ден – сега или никогаш!

Поранешниот лустратор, а претходно долгогодишен функционер на ВМРО-ДПМНЕ од Неготино, Сашко Јанев, на неговиот фејсбук профил вели оти насетува дека власта вртоглаво секој ден паѓа и дека наредните избори се можност граѓаните да ја казнат.

Јанев додава дека во СДСМ во моментов има толку расправии, што до 5ти самите ќе се казнат.

“Колапс” на СДС 4 дена по првиот круг им се случува колапс вртоглаво паѓање , секој ден метли, убиства, упади по секаде, убиства, анти корпциска оставки, откази, меѓусебни расправии, до пети сами ќе се победат.
п.с има една српска вика вака:
“Магарац” биесе док је у блато.
Така да удри народе, сега му е мајката.
Сега или никогаш, слобода или смрт. – вели Јанев.