Македонија 03. април 2018. / 10:17

Јане Ченто повторно уапсен: Откако апелација го ослободи во куќен притвор, внукот на Методија Андонов Ченто утринава беше повторно уапсен

Јане Ченто повторно уапсен:  Откако апелација го ослободи во куќен притвор, внукот на Методија Андонов Ченто утринава беше повторно уапсен

По апсењето на екс-министерот за внатрешни работи само 24 часа откако беше ослободен, тортурата продолжува и врз другите обвинети за случувањата на 27. април кои претходно беа пуштени од затворски притвор.

Утринава, нешто пред 10 часот повторно е приведен Јане Ченто, внук на Методија Андонов Ченто, од неговиот дом каде на 21. февруари беше префрлен во куќен притвор согласно одлуката на Апелација.

Како што дознаваме, пред куќата на Ченто имало силно полициско присуство, а полицајците не дале никакво образложение.

Ченто ќе биде префрлен во истражниот затвор „Шутка“.