Македонија 08. септември 2020. / 18:30

Јахоски: Не сум ја напуштил ДУИ,  направена е техничка грешка

Јахоски: Не сум ја напуштил  ДУИ,  направена е техничка грешка

Пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски, попладнево преку писмено соопштение негира дека ја напуштил пратеничката група на ДУИ и додава дека на интернет страницата на Собранието е направена техничка грешка.

Дозволете да ве информирам дека јас, Исмаил Јахоски, избран како пратеник во Собранието на Република С. Македонија од листата на ДУИ, во ниту еден момент не сум ја напуштил парламентарната група, ниту,бпак суштински се оддалечил од изборната политичка агенда на ДУИ. Фактот што на веб-страницата на Собранието сум ставен како независен пратеник претставува техничка грешка, која соодветно ќе биде исправена во најскора прилика, вели пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски.