Македонија 27. мај 2020. / 16:17

Изземање на судиите бараат адвокатите на осудените за 27 април

Изземање на судиите бараат адвокатите на осудените за 27 април

Апелационите судии одлучуваат по барањето на одбраната, односно адвокатите Ѕвонко Давидовиќ кој е бранител на Душко Лазаров на адвокатката Павлина Зефиќ која е бранител на Митко Пешов и на адвокатката Душица Николовска која е адвокат Горан Гошевски Леви за иземање на судиите Јани Нича, Енвер Беџети и Тања Дуковска бидејќи тие претходно одлучувале за осудените за 27 април како за мерките за притор така и за забраната на амнестија на дел од оние кои што денеска се во судница.

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ пред камерите и кажа дека бараат иземање затоа што според закон тие денеска не смее да одлучуваат откако веќе одлучувале за овој процес, бидејќи веќе имаат заземено свој став и мислење.

Во два наврати Јани Нича и Енвер Беџети беа судии, ние ги побивавме по жалба пред Врховниот суд, еднаш за гаранција, еднаш за продолжување на притвотот и сметам дека не за џабе законот ова го предвидел бидејќи во образложение на решенијата го третираат кривичното дело, тежина, политичка мотивираност и се понатаму што покажува дека веќе имаат свој став и свое формирано мислење.