Македонија 25. декември 2019. / 20:30

Извршителите предупредуваат дека со намалувањето на тарифата за нaграда нивното постоење станува финансиски неодржливо

Извршителите предупредуваат дека со намалувањето на тарифата за нaграда нивното постоење станува финансиски неодржливо

Комората на извршители на Македонија соопшти дека останува на одлуката донесена на 23 декември со која изразува незадоволство со предлогот на надлежното Министерство за правда за корекција односно намалување на Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите.

Како што наведуваат од Комората, со намалувањето на тарифата за нивна награда, работењето на извршителските канцеларии станува финансиски неиздржливо.

– Собранието на извршителите изразува незадоволство за повторното намалување на Тарифата во тековнава година, а исклучиво од причина што со таквиот предлог извршителските канцеларии се доведуваат во финансиска несолвентност.

Комората на извршители во секој случај останува отворена за соработка и за рашавање на сите отворени и спорни прашања по однос на системот за извршување во Република Северна Македонија.

Собранието на КИРСМ се надева дека спорните прашања на општо задоволство ќе бидат решени со цел за остварување на општо прифатеното начело на владеење на правото – се наведува во соопштението од Комората на извршители.