Македонија 28. февруари 2019. / 12:19

Извршители ја блокираа сметката на МОБ

Извршители ја блокираа сметката на МОБ

Извршители ја блокираа сметката на Македонската опера и балет поради долг од 700.000 евра, дознава „Макфакс“.

Овој долг потекнува од 2015 година и изнесува 800.000 евра, но досега институцијата успеала да врати 100.000 евра. Според директорот Васе Ристов, истекол рокот од три години кога е направен овој долг и сега доверителите бараат наплата.