Корона вирусот повторно се врати во затворот Идризово. Затвореници, кои сакаат да останат анонимни, се сомневаат дека 7 лица се заразени, а околу 70 се затворени во ќелиите, пренесува ТВ21.
– Од информациите кои ги имаме, и според тоа што гледаме што се случува овде, досега знаеме точно кои се, како се, со име. Значи, знаеме дека 7 лица се заразени а 72 се во изолација, затворени во ќелиите, вели затвореник.
Но, заменик директорот на затворот во Идризово, Феми Јонузи, вели дека само еден затвореник резултирал позитивен до ковид-19, а за тоа дознале од направениот тест во саботата. Потврди дека е изолиран делот каде што бил заразениот.
– Во изолација е и чекаме утре да се направи вториот тест и за двајца други затвореници кои биле во собата со затвореникот кој е позитивен. Ние како управа, во соработка со Институтот за јавно здравје донесовме одлука да се затвори целиот дел каде што беше затвореникот, посочи Феми Јонузи.
Целиот текст може да го прочитате на Тв21.мк