126 заразени со мали сипаници минатата недела што е најмногу досега од почетокот на епидемијата, објави Сител. Повеќе од половината од нив се од внатрешноста на земјата.
Досега бројот на заболени со морбили е 961 од кои над сто се лекари и медицински персонал. На Инфективна се хоспитализирани 43 заболени а 11 деца има на Детска клиника. На Комисијата за заразни болести во вторник ке одлучат дали ќе прогласат епидемија во цела држава.