Според најавите, Законот за судовите ќе претрпи уште една измена во јуни или јули.
Реформските измени и дополнувања на Законот за судовите, на пленарка во Собранието. За нив има поддршка и од владејачкото мнозинство и од опозицијата. Работните групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ го усогласиле текстот, освен делот којшто се однесува на дисциплинската одговорност на судиите, кој не бил прифатлив за Министерството за правда.
Според најавите, Законот за судовите ќе претрпи уште една измена во јуни или јули. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека делот за дисциплинската одговорност на судиите што го предложиле веќе бил усогласен со Венецијанската комисија во текстот на законот од 2015-та, кој поради одредени причини не бил донесен.
И од адвокатската фела велат дека тие во целост ги поддржуваат Законот за судовите и напорите на владата за носење на неговите измени.