Жестока комисиска расправа меѓу власта и опозицијата за Законот за опојни дроги, со кој се регулира производството и извозот на сув цвет од производителите на канабис.
Опозицијата инсистираше законот да се повлече. Оттаму реагираа на законските измени кои се дело на претходната, а не на техничката Влада со која раководи Оливер Спасовски. Од опозицијата најавија амандмани.
За власта, ваквите ставови се лицемерни.
Здржението Макканабис, повеќе пати инсистираа на донесување на законот, поради загубите што ги трпат од неможноста за извоз на сувиот цвет. Усвојувањето повеќе пати се одложуваше, а беше симнато и европското знаменце.