Пратениците денеска на седница ќе расправаат за предлог-законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка. Предлог-законот го поднесе Владата, а истиот е со европско знаменце.
Претходно измените се најдоа на Комисијата за европски прашања. Завчера претседателот на Комисијата, Артан Груби, ја затвори расправата без да прифати ниту еден амандман од вкупно 401 кои ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ.
Владата поднесе предлог-закон за измени на Изборниот законик со кои, како што тврди, ќе се одблокира формирањето на Државната изборна комисија пред одржување на референдумот оваа есен. Владата бара членовите на ДИК наместо со двотретинско да се бираат со апсолутно мнозинство. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека како и со Законот за јазиците, така и со Изборниот законик, власта грубо ги злоупотребува европското знаменце и Комисијата за европски прашања. Според опозициската партија, Изборниот законик никогаш не се носел без консултации со опозицијата, а не се ни разгледувал на Комисијата за европски прашања.