Македонија 16. јули 2018. / 14:05

Измени во Законт за судовите: Се менуваат критериумите за избор на судии

Измени во Законт за судовите: Се менуваат критериумите за избор на судии

Министерството за правда подготвува предлог закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, а согласно динамиката на реформските решенија содржани во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година.

„Имајќи ја предвид стратешката определба за евроинтеграцијата на Република Македонија и обврските кои стојат пред нас во тој процес, овие измени на Законот за судовите се однесуваат на определување на критериумите за избор на судии во повисок суд и имплементирање на останатите препораки од Венецијанската комисија“, се вели во образложението.