Македонија 21. април 2019. / 17:09

Излезноста до 15:00 часот во Кичево е 22,1 процент

Излезноста до 15:00 часот во Кичево е 22,1 процент

Во Општина Кичево излезноста се движи во рамките на просекот од претходните изборни што се одвивале на територијата на општината.

Во нашата општина до 15:00 часот своето право на глас го оствариле 11.117 избирачи или 22.1 процент. Изборниот процес до овој момент се одвива мирно, рече Антигона Сефери, претседателка на ОИК – Кичево.

Во Општина Кичево право на глас имаат вкупно 50.296 гласачи на 115 избирачки места.