Коалицијата Заедно за европска Македонија денеска во Скопје организира Марш за европска Македонија кој е предвидено да заврши со голем граѓански собир во центарот на Скопје.
Маршот започнува во 13.30 пред зградата на Црвениот крст, а ќе заврши пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во 14.00 часот, кога започнува официјалната програма на големиот граѓански собир на којшто ќе се обратат премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, актерката и синдикален претставник, Сања Арсовска и новинарот Томислав Кежаровски.