Македонија 13. јуни 2020. / 13:30

Излез од Македонија само со потпишана изјава, за влез неопходен негативен корона тест

Излез од Македонија само со потпишана изјава, за влез неопходен негативен корона тест

Mакедонските државјани може да ја напуштат земјава со потпишување соодветна изјава што ја издава МВР на самиот граничен премин. Со таа изјава, секој граѓанин се обврзува дека нема да бара помош од државата, во случај на проблем со корона вирусот во странство.

При влез во државата, пак, секој граѓанин мора да приложи направен негативен валиден ПЦР тест, не постар од 72 часа. Потоа на граничниот премин треба да потпише „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“.

Доколку таков тест не е приложен, или е приложен невалиден ПЦР тест, тогаш задолжителен е државен карантин во траење од 14 дена.