Македонија 24. октомври 2018. / 14:06

ИВЗ се огласи за случајот Кашоги: Се солидализираме со Саудиска Арабија против сите мразачи

ИВЗ се огласи за случајот Кашоги: Се солидализираме со Саудиска Арабија против сите мразачи

Ние како Исламската заедница во Република Македонија и муслиманите во Македонија се солидаризираме со Саудиска Арабија против сите мразачи кои се обидуваат да наштетат на нејзиниот исламски и меѓународен статус бидејќи кралството е правецот на муслиманите, пишува поглаварот на ИВЗ на Македонија Сулејман Реџепи во писмото до кралот на Саудиска Арабија испратено на 17 октомври, пренесе МКД.мк

Поводот за ова писмо се реакциите на голем број држави против Саудиска Арабија по повод убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на оваа земја во Турција.

„Ваше височество, овие денови слушаме вести дека сaканото големо кралство минува низ тешка ситуација од сплеткари и мразачи кои се собрале да им наштетат на кралството на Саудиска Арабија. Но, семоќниот Алах е најдобар заштитник и во ова нема двоумење, бидејќи Саудиска Арабија е извор на две божји објави, Книгата на Алах и Сунетот на неговиот пратеник. Од основањето на кралството од кралот Абдулазиз бин Абдулрахман, Алах да му се смилува, кралството го следи умерениот пат, посебно вашето височество крал Салман бин Абдулазиз и престолонаследникот принцот Мохамед бин Салман, Алах да ги заштити“, пишува Сулејман Реџепи во писмото што го пренесе порталот МКД.мк.