Македонија 26. март 2019. / 15:50

ИВЗ поради изборите привремено го повлекува ултиматумот

ИВЗ поради изборите привремено го повлекува ултиматумот

Поради изборите исламската верска заедница привремено го повлекува ултиматумот. Порачаа дека нема уцена, но има дискриминација.

Повикаа за надминување на проблемите, откако вчера премиерот Зоран Заев рече дека зад писмото на исламската верска заедница гледа лични интереси, и дека како и сите други религиски заедници и ИВЗ треба правдата за имотите да ја бара на суд.

Раководството на ИВЗ не се откажува од денационализација на имотот, битка која ја водат 20 години. За Изјавата на премиерот Зоран Заев дека има лични интереси во преписките, не коментиираат и велат премиерот да се дообјасни.