Агенцијата за лекови МАЛМЕД на 31 декември ги издаде потребните одобренија за лекот ивермектин, кои веќе стигнале до неа од неколку болници и веледрогерии од земјава. Колку точно се пријавени компании за набавка на лекот не се знае, но се вели дека станува збор за неколку оператори, објавен Фактор.
Информацијата ја потврди директорот Лирим Шабани, а засега е познато само дека во понеделник Градската болница 8 Септември ќе достави барање до МАЛМЕД за интервентен увоз. Од наредната недела ќе биде достапен во таблетарна форма за македонските пациенти.
Зелено светло за лекот против Ковид-19 даде претходно Комисијата за заразни болести откако доби уверување дека лекот е евтин и ефикасен. Истиот до сега се набавуваше на своја рака од странство за цена од 10 до 12 евра
Станува збор за евтин, безбеден, ефикасен и лек без сериозни нус производи, кој помага во намалувањето на времетраењето на болеста и смртноста
Овој лек го користеле двајца пациенти со потешка клиничка слика во ГОБ 8 Септември, но нивните семехства го купувале сами од странство.