Македонија 19. ноември 2019. / 21:26

Ивановски: Тие кои требаше да се борат за правна држава, токму тие доведоа да се руши владеење на правото

Ивановски: Тие кои требаше да се борат за правна држава, токму тие доведоа да се руши владеење на правото

Во вечерашното гостување на „Топ Тема“ на „Телма“ телевизија, поранешен уставен судија Трендафил Ивановски, говореше за одредувањето на домашниот притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Состојбата е загрижувачка. Во сето ова, доказ е дека нашиот политички и судски систем, кои требаше да се борат за правна држава, токму тие доведоа да се руши владеење на правото. Јустиција ја закопавме длабоко во земјата. Ваквата состојба во Македонија трае 15 години најмалку. Тој систем наместо да оди напред, оди само назад. Во тој систем се пронаоѓаат различни афери и тоа е доказ дека не ги бива работите– истакна Ивановски.