Не изненадија информациите дека постоел неорганизиран процес за набавка на вакцините, ризикот за корупција доаѓаат на високо ниво, рече Билјана Ивановска, претседател на ДКСК во Студио 10 на ТВ24.
„Се набавува од приватни фирми. Можеби најдобри биле намерите, но се нарушува довербата на граѓаните во институциите. Има работа и за Антикорупциска, но и за Обвинителството. Повеќепати сме разговарале за односот на ЈО кон моменталните случувања, треба да излезат и да кажат каков е нивниот став, дали ќе се истражува, ова се поголеми случаи кои заслужуваат внимание. Антикорупциска комисија има надлежност да ги утврдува системските слабости, но сите злоупотреби треба да ги фати ЈО“, појасни Ивановска.