Македонија 02. септември 2020. / 21:31

Ивановска: Дивоградбите станаа наше секојдневие, а луѓето се желни за правда

Ивановска: Дивоградбите станаа наше секојдневие, а луѓето се желни за правда

Претседателката на анти-корупциската комисија Билјана Ивановска вели дека владата мора да им помогне и на другите општини кои имаат проблем со дивоградбите за да покаже дека ова што го видовме денеска пред ТЦ Мавровка не е инцидентен случај. Таа во гостувањето во дневникот на Сител порача дека граѓаните се желни за правда.

Почитувањето на законот е огледало на демократска држава. Дивоградбите станаа наше секојдневие, а луѓето се желни за правда и кога ќе се случи вакво нешто за прв пат државата во име на општина да руши се доживува со восхит. Факт е дека се голем проблем дивоградбите и мора да се справиме со тој проблем, рече Ивановска во дневникот на Сител.

За платформите на Матка Ивановска смета дека политички сили се уште не се до одмериле таму и затоа платформите стојат. Според неа, само ако јавниот интерес го ставиме на прво место тогаш ќе имаме резултати.

Ако владата е на помош на една општина треба да знае дека и други кубурат со дивоградби нека им помогне и на нив. Нека биде принципиелна за да не биде ова изолиран случај, порача Ивановска.