Македонија 02. август 2018. / 14:00

Иванов: Судбината на Македонија е во рацете на народот

Иванов: Судбината на Македонија е во рацете на народот

Судбината на државата е во рацете на самите Македонци, рече претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во своето обраќање од Мечкин Камен, изразувајќи уверување дека народот е доволно зрел и мудар за да ја одбрани Републиката.

Иванов рече дека тој не го прифаќа Договорот со Грција, оценувајќи дека тој е на штета на идентитетот, името и интересите на Република Македонија, нарекувајќи ги лага тврдењата дека со него се јакнел македонскиот идентитет и државноста.

Шефот на државата нагласи дека нема да го поколебаат никакви притисоци и обиди за да го смени неговиот став околу потпишаниот договор.