Македонија 12. мај 2019. / 14:05

Иванов со последна претседателска порака: Функциите си доаѓаат и си одат, човечноста останува!

Иванов со последна претседателска порака: Функциите си доаѓаат и си одат, човечноста останува!

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов и неговото семејство, преку неговиот фејсбук профил ја упати последната порака како претседател на Република Македонија.

Иванов вели дека со огромна чест, задоволство и одговорност ја извршувал функцијата Претседател на Република Македонија во изминативе десет години.

-Од се срце му благодариме на македонскиот народ и на македонските граѓани за сета укажана доверба и поддршка.

Останете во добро здравје и не заборавајте дека само сплотени, обединети и со меѓусебна почит ќе имаме просперитетна и успешна Македонија.

Функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува!

Семејство Иванови-стои во објавата.