Македонија 25. декември 2018. / 14:44

Иванов помилува 16 лица по повод Нова година

Иванов помилува 16 лица по повод Нова година

Претседателот на државата одлучи да помилува 16 осудени лица по повод новата 2019. Во одлуката пишува дека делумно се ослободуваат од гонење 16 лица во различно времетраење од 2 до 6 месеца.

Осудените се oд Битола, Валандово, Скопје, Ресен, Неготино, Струмица, Радовиш, Гостивар… Во одлуката објавена „Службен весник“, нема целосно ослободување на осудените лица.