Македонија 02. декември 2020. / 20:15

Иванов нема да се извини на Захариева и на Бакојани дека ги нарече „фригидни кучки“

Иванов нема да се извини на Захариева и на Бакојани дека ги нарече „фригидни кучки“

Новинарот Зоран Иванов во емисијата „24 анализа“ повтори дека нема намера да се извинува на Екатерина Захариева и на Дора Бакојани за напишаниот статус во кои ги нарече кучки и фригидни.

Таман работа, јас сосема смислено го напишав тој пост. Сакав да ја здоболи малку, кога таа навреди, цел македонски народи продолжува да навредува. Тоа беа метафори и не знам зошто се навредени. Кучка е карактерна особина, фригидност е состојба на нечувствителност, рече Иванов.

Иванов рече дека и него го погодило дека Екатерина уживала да потенцира дека не постојат македонци, затоа и неговата реакција била таква.

Во врска со неговото разрешување од управниот одбор на МИА и смета дека ако тоа придонело за одмрзување на фамата, тоа нека бил негов придонес.

Се надевам дека на младата министерка во биографијата како поголем успес во дипломатијата, ќе о остане дека успеала во Македонија да смени владин чиновник од 17-та позиција, рече Иванов.