Македонија 15. март 2019. / 18:39

Иванов до Антикорупциска: Чесен влегов во политиката и чесен ќе излезам!

Иванов до Антикорупциска: Чесен влегов во политиката и чесен ќе излезам!

Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов денеска се огласи во врска со поведување постапка за проверка на неговата имотна состојба.

– Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, изразува благодарност што Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поведе постапка за проверка на неговата имотна состојба. Претседателот Иванов порачува дека чесен влезе во политиката и чесен ќе излезе на крајот од неговиот втор мандат. Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овој случај. Но, исто така, ја охрабруваме Комисијата на ист начин да постапи и со сите други носители на државни и јавни функции во Република Македонија, онака како што постапува во случајот со претседателот Иванов. – стои во соопштението.