Македонија 04. мај 2018. / 10:40

Иванка Василевска: Нашите црвени линии се гласот на граѓаните и гласот на народот

Иванка Василевска: Нашите црвени линии се гласот на граѓаните и гласот на народот

Професорката на правниот факултет во Скопје и член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска во емисијата „Само Вистина“ истакна дека црвените линии во однос на преговорите за името на ВМРО-ДПМНЕ се гласот на граѓаните и гласот на народот.

Таа уште еднаш потврди дека најголемата опозициска партија не отстапува од ставот дека ВМРО-ДПМНЕ е против промена на Уставот со цел промена на уставното име.

-Стратегијата на Грција е македонскиот народ да се самоукине, тоа е стратегија наменета за идните генерации чиј идентитет и национални чувства треба да се променат, рече Василевска.

Таа направи и споредба на моменталните интензивирани преговори за името кои ги води владата на СДСМ како и ветувањата за брз влез во ЕУ и НАТО со Шекспировата драма ,,Многу врева за ништо’’.

По однос на прашањето со Грција, Василевска заклучи дека единствено Обединетите Нации имаат легитимитет да дискутираат за oва спорно прашање од ,,имагинарен карактер’’ и потенцираше дека се работи за дискусија, а не преговори за промена на името, јазикот и идентитетот.