Македонија 18. февруари 2020. / 08:58

Италијанска воена делегација во посета на Македонија

Италијанска воена делегација во посета на Македонија

Делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Италија, предводена од началникот на ГШ на ВС, генерал Енцо Вичијарели, престојува во дводневна официјална посета на Македонија.

Генерал Вичијарели во Министерството за одбрана и Генералштабот ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, како и со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Главни теми на средбата ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, трансформација на Армијата на Република Македонија и искуствата од учеството во меѓународните мисии.

По активностите во Генералштабот, генералот Вичијарели ќе оствари средба со претседателот Стево Пендаровски.