Македонија 16. May 2019. / 15:21

Италија сака Северна Македонија уште годинава да ги почне преговорите со ЕУ

Италија сака Северна Македонија уште годинава да ги почне преговорите со ЕУ

Италијанскиот амбасадор Карло Ромео е последниот од низата кој изрази надеж дека уште годинава земјава ќе ги почне преговорите за членство во Европската Унија, пишува Канал5.

Исто како и неговиот француски колега Тимоние, побара спроведување на реформите, поред се они во правосудството кои конечно треба да обезбедат целосно владеење на правот, со цел да се затворат клучните критериуми, а советот на Европа да ја прифати извесната препорака на комисијата, а тоа е отворање на првите првите поглавја.

Тоа секако тоа што не оди во наш прилог се проблемите на самата унија, кои ќе треба да почнат интензивно да решаваат по ЕУ изборите закажани веќе за следната недела. Дека во ваква ситуација проширување не е високо на агендата покажува и синоќешната дебата на шестмина кандидати за највисоката позиција во Европската комисија, одноно наследници на Јункер, кои речиси целта дебата ја посветија на тоа, како да ја вратат довербата на граѓаните во самата Унија и за начините како треба да се консолидираат европските институции.

Како и да е според познавачите носењето на одлука за почеток на преговорите ќе биде политичка со цел стабилизација на Западен Балкан, бидејќи спротивно, доколку се уништи европскиот сон пред се на Македонија, тоа ќе ги исфрли на површина проблеми како што се национализмот и опасноста други големи светски играчи да го заземат местото на Европа.