Дел од винарските визби веќе го исплатија купеното винско грозје од ланската реколта. До крајот на април, според законот, на лозарите треба целосно да им бидат исплатени предадените количества грозје за ланската реколта.
Поголемиот дел од винарските визби на лозарите целосно им ја исплатија ланската реколта на винското грозје. Според Законот, исплатата е во рок од 6 месеци од превземањето на откупениот род и на 3 рати.
Поради непочитување на законот минатата година „Повардарие“ ја загуби лиценцата за откуп на грозје. Доколку сака повторно да се врати во бизнисот со вино, прво ќе мора да се раздолжи со лозарите.
Винариите кои нема да го исплатат грозјето навреме ќе мора да ја платат и казната во буџетот за повторно добивање на лиценцата која е 10 проценти од неплетениот долг.
Првата рата од 20 проценти за купеното требаше да се плати до 15-ти декември минатата година, втората од 40 проценти нај доцна до 15-ти февруари годинава и последниот износ до крајот на април.
Во Македонија лани беа собрани 180 милиони килограми винско грозје.
Дел од откупот се пласира во странство, а поголемиот дел остана за домашните преработувачки капацитети.