Македонија 29. ноември 2018. / 22:43

Исмајлоска – Старова: Ако го затвориме само Договорот од Преспа ќе останеме раскарани, мора да се помириме за се

Исмајлоска – Старова: Ако го затвориме само Договорот од Преспа ќе останеме раскарани, мора да се помириме за се

Нола Исмајлоска Старова, дел од независната пратеничка група на ВМРО, вели дека мора да се оди напред.

Ако го затвориме само Договорот од Преспа (членството во НАТО потоа е извесно) се е попусто ако народот остане раскаран и раскрвен како сега. Мислам дека сите процеси треба да одат паралелно, изјави Старова.

– Да се придвижат сите процеси напред – тоа е идејата на телото за помирување, исто како и на почетокот на уставните измени. Двотретинско мнозинство не треба да се бара само во нас 8 пратеници, треба да се бараат и други, посочи Старова.

– Не смееме да останеме само на 27 април, мора да се помириме за се, бидејќи не знаеме дали ќе се релаксираат состојбите. Никој не знае како ќе заврши процесот, но сега силите се така распоредени што мора да му се даде шанса на процесот, изјави Исмајлоска.