„Морам да кажам дека инстант значи дури и супа од кесичка не е доволно квалитетна да кажам, а не пак реформи. Кога зборуваме за реформи значи зборуваме за нешто да се основа од почеток, буквално и сметам дека затоа е потребно навистина еден темелен пристап“, појасни членот на НСОН, професорката Жаклина Филипова-Свеќаровска во емисијата „Што не е јасно“.
Филипова-Свеќаровска додаде дека нејзе лично и пречи како на наставник, како на родител дефинитивно е тоа што првично мора да бидат поставени стандарди, а таа не ги гледа никаде стандардите.
„Пред се кога ќе зборувам за стандарди, ќе зборувам за материјално технички стандарди. Значи било кој модел да се реализира би требало најпрво да има стандард за материјална техничка опременост и да се достигне тој стандард во рамки на сите училишта. Потоа многу е битно да има поставено цел, која е целта. Бидејќи образованието образува, образува личности, образува граѓани, ги обликува луѓето“, истакна Филипова-Свеќаровска.
Филипова-Свеќаровска посочи дека со овие реформи не се знае целта, какви луѓе оваа држава сака да гради, какви граѓани да има за 10-20 години. „Реформите не треба да почнат со програми, спојување на програми, туку со анализи“.