Раководителката на Одделението за инспекциски надзор Скопје, Мери Продановска, на вонредна прес-конференција соопшти дека инспектори биле спречени да извршат контрола во угостителски објект на „Боемска улица“.
Според неа, додека инспекторите чекале да влезат, од објектот излегол претседател на политичка партија, но не прецираше за кого станува збор.
Државниот пазарен инспекторат во редовни надзори, односно вонредни надзори на теритоирја на Скопје околу 18:15 часот беше спречен да изврши увид во еден угостителски објект со образложение дека угостителскиот објект е од зтворен тип и дека нема гости внатре. Колегите продолжија во другите угостителски објекти, но сепак се вратија кај истиот угостителски објект со уште една замолица да им се отвори објектот да извршат надзор. По два и пол часа успеавме да влеземе во објектот, но пред тоа имаше други дејствија, од објектот излегоа луѓе кои инспекторите не можеа да ги легитимираат, но препознаен е претседател на политичка паритја – изјави Продановска.
Прашана кој бил лидерот на партија што бил во објектот, таа рече дека не може да каже, бидејќи не била таму.
Сопственикот на локалот бил повикан, но дошол по два и пол часа чекање пред објектот.
Продановска информира дека угостителскиот оператор ќе добие кривична пријава по член 205 и 206 за непочитување на забрана за обавување дејност во објектот и за споречување на инсепкциски надзор.