Македонија 04. октомври 2020. / 11:30

Имери: Дебарската гимназија од утре со онлајн настава

Имери: Дебарската гимназија од утре со онлајн настава

Наставниот процес во СОУ „ 28 ноември” , како и во повеќето образовни институции, од понеделник ќе се одвива онлајн, почитувајќи ги со прецизност сите утврдени протоколи и критериуми од надлежните органи за овој начин на настава, изјави за МИА, директорот на гимназијата Рамадан Имери.

Искажува надеж дека сите со целосно разбирање, совесно и максимално залагање ќе бидат во служба на воспитанието и образованието на учениците. Оваа одлука, вели тој, ја донеле по низа консултации и оценката дека здравјето е над се.

Одлуката ја донесовме по многуте консултации со експерти од здравствените институции и во разговор со министерката за образование и наука, Мила Царовска како и дел од претставниците од Владата на СРМ, чиј дел е партијата на која и припаѓам, според проценката на ризикот што секојдневно го загрозува здравјето на нашето општество како последица на Ковид-19” и по принципот „здравјето над се” , без прескокнување на значењето на образованието во социјалниот живот и почитувајќи ги владините препораки и Комисијата за заразни болести,вели Имери.

Во четвртокот 584 ученици од оваа гимназија ја бојкотираа наставата, а во петокот одржаа протест, на кој беше соопштено дека по барање на советот на родители и самите ученици, како и исполнувањето на сите протоколи кои се бараат за тоа, донесена беше одлука наставата од понеделник да почне со физичко присуство.